Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, има реална шанса да се врати во Премиер лигата и тоа на клупата на Тотенхем, објавија денеска дел од медиумите на Постровот.
Тој е без ангажман од декември во 2018 година кога доби отказ од Манчестер јунајтед. Англиските медиуми тврдат дека Мурињо им рекол на пријателите дека го чека моментот кога Тотенхем ќе се раздели со Маурисио Почетино.
На страната на Португалецот оди и фактот дека популарните „Спарси“ имаат лоша сезона а повеќето од играчите најавија дека сакаат да си заминат.

