Менаџерот на Тотенхем Жозе Мурињо зборуваше за закрепнувањето на напаѓачот Хари Кејн од повредата што не му дозволи да настапи на натпреварот од 5-то коло во Лигата на Европа против ЛАСК (3:3).
„Мислам дека Хари Кејн ќе биде подготвен за Арсенал, но не сум стопроцентно сигурен во тоа. Тој се лекува. Можев да блефирам и да се преправам дека има сериозни проблеми, но тоа не е така, и мислам дека тој сепак ќе игра“, изјави Мурињо.
Натпреварот од 11-то коло на англиската Премиер лига Тотенхем – Арсенал ќе се одигра на 6 декември. Лондонското дерби меѓу овие двата тима сеогаш привлекува големо внимание , а сега ќе се игра на теренот на Тотенхем со почеток во 17.30 часот. Тотенхем во моментов е лидер на табелата со 21 бод, ист број на бодови со Ливерпул, но подобра гол разлика, додека Арсенал е 14-ти со 13 освоени бодови.

