Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, во последното интервју нагласи, дека темелно истражувал во врска со Рома пред да ја прифати понудата да го наследи Паоло Фонсека во текот на летото.
„Кога донесувам значајна одлука, се обидувам да се осигурам дека ги имам на располагање сите достапни информации. Тоа е најдобрата тактика и ти треба време да смислиш сè.“ – вели Мурињо.
„Значајно е да се фокусираме на основите и на тоа како ќе се подготвуваме. Секогаш треба да бидеме насочени кон професионалните одговорности“- вели „специјалниот“ кој во наредната сезона ќе седи на кормилото на „римската волчица“.

