И покрај гласините, тренерот на Рома, Жозе Мурињо нема да стане селектор на Бразил, објави Џанлука Ди Марцио.
Специјалниот беше меѓу опциите да го преземе составот на Бразил по заминувањето на Тите, но не покажува интерес за оваа позиција. Пред него петкратниот светски шампион го одби и Зинедин Зидан. Мурињо се поврзуваше и со репрезентацијата на Португалија, која сепак го најави назначувањето на Роберто Мартинез.
Според Ди Марцио, Роналдо бил меѓу оние кои се обиделе да го убедат Португалецот да стане селектор на Бразил, но тој ја потврдил намерата да го продолжи својот проект во Рома, со која има договор до летото 2024 година.