Португалскиот фудбалски стратег, Жозе Мурињо, веднаш ја одбил понудата упатена од страна на Бенфика која од вчера е без тренер.
Довчерашниот стратег на Манчестер Јунајтед кој е без ангажман, нема намера да се врати и да работи во татковината. Бенфика се обидува брзо да најде замена за отпуштениот Руи Виториа кој влезе во лоша серија со „лисабонските орли“ и мораше да си замине.
Ќе потсетиме дека Мурињо додека го водеше составот на Порто успеа да ја освои Лигата на шампионите во 2004 година.
