Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо е сериозно загрижен затоа што ќе има кратење на буџетот за летни трансфери, тврди весникот „Сан“.
При неговото доаѓање на клупата на Тотенхем беше јасно дека сопственикот Даниел Леви не планира да му даде голем дел од буџетот за купување на играчи ова лето. Сега, вонредната состојба на пандемијата со коронавирусот дополнително ја влоши финансиската состојба на лондончаните, па постои голема веројатност дека нема да останат пари во касата за нови играчи.
Така, Мурињо сега ќе планира во новата сезона да се потпре на истите фудбалери што ги има во моментов. Тренерот постојано е информиран за финансиската состојба на клубот и е свесен е за тешката состојба во моментот.
Тотенхем има долгови во вредност од 637 милиони фунти, со месечни трошоци на клубот во од 10 милиони фунти. Во исто време, Лондончаните сега не се во состојба да го надоместат недостатокот на приходи за време на вонредната состојба на островот.