Тренерот на фудбалерите на Рома, Жозе Мурињо, нема да го продолжи договорот со тимот од Италија и веројатно ќе си замине на крајот на сезоната, тврдат денеска дел од медиумите на „Чизмата“.
Според предвидувањата, Португалецот ќе остане во Рим до јуни во 2024 година за да го одработи договорот а потоа веројатно ќе замине за Саудиска Арабија.
Не се исклучува можноста „специјалниот“ да прифати понуда и од некој друг клуб од Европа.

