Медиумите во Англија во комбинација со видни личности од светот на фудбалот а посебно од Островот, не престануваат да ја коментираат ситуацијата во Манчестер Јунајтед и работата на тренерот, Жозе Мурињо.
„Црвените ѓаволи“ во викенд колото загубија изненадувачки на теренот на аутсајдерот Брајтон што повторно предизвика лавина на реакции и критики упатени кон португалскиот тренер. Британските медиуми денеска шпекулираат дека челниците на тимот имаат направено листа на потенцијални наследници на Специјалниот.
Според нив на истата се ставени: Маурицио Почетино, Зинедин Зидан, Рајан Гигс, Лорен Блан и Антонио Конте.