Српскиот фудбалски репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ е на добар пат следната сезона да заигра во Премиер лигата. Како што објави весникот „Ел Мундо Депортиво“, за услугите на дефанзивецот е загреан Мурињо и ќе напрфави се за да го донесе ова лето на „Олд Трафорд“.
Барселона е исто така заинтересирана за него, но информациите говорат дека Манчестер Ј. во моментов е фаворит за неговиот потпис. Барселона првично најави дека почнала преговори со фудбалерот, но откако од Лацио им соопштија дека цената на 23-годишниот дефанзивец е 80 милиони фунти, каталонците се повлекоа. Сега на ред се Јунајтед, а по нив веројатно и ПСЖ и Челзи кои исто така се интересираат за Србинот.