Менаџерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, може да испрати понуда за играчот на Сасуоло, Марко Ферари, тврдат денеска дел од медиумите.
Иако англискиот состав ги има во дефанзивната линија Тоби Алдервеиде, Давинсон Санчез, Ерик Даер, Роден и Танганга, Португалецот сака да обезбеди уште еден искусен играч. Затоа Мурињо го посочил 28-годишниот Ферари како одлична опција за засилување на одбраната.
Тотенхем планира да испрати понуда од околу 20 милиони евра за Ферари кој е стандарден во првата постава на Сасуоло. Тој од почетокот на сезоната има 9 натпревари и 2 асистенции во Серија „А”.

