Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо направил список со четири главни цели за летниот преоден рок на клубот, објави лондонските медиуми.
Португалецот планира да ја засили секоја од линиите на тимот со тоа што ќе земе играч од средниот ред, двајца одбрани и еден напаѓач.
Прв на список на Мурињо беше играчот од средниот ред на Саутемптон, Пјер-Емил Хојберг. Тотенхем веќе работи на неговиот трансфер, иако имаат конкуренција за неговиот потпис од Евертон.
Во меѓувреме, Тотенхем се распрашува и за дефанзивецот на Пекинг, Гуан Ким-Мин Јае. Тој беше насочен да го замени Јан Вертонген, кој заминува како слободен агент. Универзалниот дефанзивец на Аталанта, Тимоти Кастане, исто така е во плановите на Мурињо.
Покрај тоа, менаџерот сака да земе нов напаѓач за да игра со Хари Кејн во нападот. Мурињо ги фрли погледите кон Калум Вилсон и Дејвид Брукс.