Тренерот на Рома, Жозе Мурињо беше разочаран од играта на неговиот тим во поразот од Славија Прага со 2-0 вчера во Лигата на Европа.
„Не сакам да кажам ништо, никој не сака. Резултатот беше апсолутно заслужен. Ништо не ми се допадна во нашата игра. Зборував со играчите во соблекувалната пред да разговарам со новинарите, што никогаш не го правам. Она за што разговаравме ќе остане меѓу нас“, рече тој по средбата.
„Сакам да бидам апсолутно искрен со момците од Славија – тие целосно ја заслужија оваа победа. Имавме шанса на 1-0 да израмниме, но генерално не е важно затоа што во целина одигравме ужасно“, додаде Специјалецот.