Португалскиот тренер на клупата на Манчестер Јунатед, Жозе Мурињо, в пресрет на дербито со Ливерпул закажано во Премиер конкуренцијата, не ја пропушти можноста да нагласи дека неговиот тим не троши доволно за засилувања.
„Не се работи само за парите, туку за многу повеќе. Работата во фудбалскиот клуб е многу повеќе од купување на добри играчи и трошење на пари. Кога имате куќа, мора да работите за да ја средите а кога тоа ќе го направите, може да ја опремите со мебел. Дури тогаш ќе живеете во неверојатна куќа“ -рече Мурињо.
Искусниот стратег потсети дека Ливерпул и Челзи беа максимално ангажирани на трансфер-пазаот и дека потрошија милиони за засилувањата од типит на Алисон Бекер (62,5 милиони евра), Вирџил Ван Дајк (78 милиони евра) и Аризабалага (80 милиони).