Манчестер Јунајтед е заинтересиран за фудбалер на Реал (Мадрид) дефанзивецот Рафаел Варан е на списокот на желби на Мурињо, пренесуваат медиумите во Англија.
Според истиот извор, тимот на Манчестер Јунајтед е подготвен да го направи францускиот репрезентативец најскап дефанзивен играч во светскиот фудбал само за да го привлече во своите редови.
Жозе Мурињо го знае квалитетот на светскиот шампион со Франција и верува дека може да направи одлична работа на „Олд Трафорд“.
Сепак, таквиот трансфер може да се случи на почетокот на летото, бидејќи во јануари тешко би се случило Реал Мадрид да се откаже од услугите на Французинот. Сè уште не е јасно кои параметри се подготвени да му ги понудат на Варан од „Олд Трафорд“, а што е она што би го прифатиле „кралевите”.
