Англискиот фудбалски состав Тотенхем планира да го ангажира напаѓачот на Лил, Виктор Осимен, тврдат медиумите во Франција.
„Спарси“ сакаат да го комплетираат целиот процес до крајот на наредната работна недела бидејќи за услугите на Нигерицот се заинтересирани уште неколку елитни тимови од Европа. До пред неколку денови Осимен беше на чекор да потпише за Наполи, но, откако работите се искомпликуваа, Тотенхем сака да ја искористи ситуацијата и да го привлече во Англија.
Осимен имаше одлична сезона со Лил откако на 27 средби забележа 13 голови. За потписот на црномурестиот играч покрај споменатите Наполи и Тотенхем, ќе конкурираат и Милан, Арсенал, Ливерпул и Манчестер Јунајтед.

