Тренерот на фудбалерите на Тотенхем, Жозе Мурињо, го определи Бразилецот, Роналдо, како најдобар фудбалер иако главната дебата во моментов се води околу Лео Меси и Кристијано Роналдо.
„Најдобар во историјата е Роналдо. Бразилскиот феномен.Никој него не може да го надмине со неговиот талент и способностите“ – вели Португалецот.
Еве го идеалниот тим за кој се одлучи трофејниот стратег: Чех, Занети, Тери, Карвалјо, Галас, Макелеле, Лампард, Озил, Азар, Дрогба, Роналдо.

