Португалскиот тренер на клупата на Рома, Жозе Мурињо, го искоментира вчерашниот тежок пораз на теренот на Удинезе во рамките на Серија „А“. Домаќинот славеше со убедливи 4-0 а „римската волчица“ одигра катастрофално.
„Кога ќе загубите 4-0 не можете да говорите за судијата. Тоа е мое правило. Ќе кажам дека претпочитам да загубам еден натпревар со 4-0 отколку четири меча со 1-0“ – вели Мурињо.
„Од 45 минути се играше 20 минути. Тоа е школо за фер-плеј и јас би сакал да имам такви собирачи на топки на нашиот стадион“ – потенцираше тренерот на Рома.