Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ги предупреди навивачите дека нивниот миленик Герет Бејл не е истиот играч каков што беше пред седум години.
Во 2013 година, Реал Мадрид плати 100 милиони евра за да го земе напаѓачот на „спарси“, а ова лето се врати на позајмица во Лондон. Од неговото враќање, Бејл одигра три натпревари за Тотенхем, но сепак не е во оптимална форма.
„Седум години се голем период. Играч секогаш се менува за толку долго време. Тоа не значи дека се сменил на подобро или на полошо. Тој е само поинаков”, изјави Мурињо пред натпреварот со Брајтон.
„Погледнете ги Роналдо и Меси. За седум години нивната игра многу се смени и сега тие извршуваат сосема различни функции на теренот. Добрите играчи ги трансформираат своите квалитети за добро да се вклопат во тактичката шема на нивниот тим. Мислам дека ова се случува со голем број играчи. Така што можам да кажам дека Гарет сега е различен. Работи напорно, немаше повреди во последните недели и се надевам дека наскоро неговата форма ќе се подобри уште повеќе”, додаде Мурињо.

