Менаџерот, Жозе Мурињо, изрази уверување дека Тотенхем нема да биде единствениот клуб во неговата кариера со кој не освоил трофеји. Британците денеска ќе гостуваат кај РБ Лајпциг во реваншот од 1 /8 финалето во Лигата на фудбалските шампиони и ќе се обидат да ја надополнат негативата од првиот меч кога загубија со 1-0.
„Се надевам дека Тотенхем нема да биде единствениот клуб со кој не сум освоил трофеј. Јас победив насекаде и сигурен сум дека ќе го направам тоа и тука“ – вели Португалецот.
„Ме прашувате како ќе постигнеме гол без Кејн, Сон и Бергвајн? Постојат многу начини да постигнете гол а можеби и еден од играчите на Лајпциг може да го стори тоа во неговата мрежа. За жал, сепак, немаме многу избор“ – вели Мурињо.