Жозе Мурињо е со едната нога на зминување од Рома, пишува „Кориере дело Спорт“. Со пораз против Каљари во недела, Специјалниот ќе добие отказ.
Сопственикот на Рома, Ден Фридкин, беше подготвен да го отпушти Мурињо и сакаше да го стори тоа по поразот од Џенова со 4-1, но контроверзниот директор Тиаго Пинто го разубедил.
Фридкин веќе ја избра замената за Мо. Најверојатно на клупата ќе седне довчерашниот селектор на Германија и поранешен тренер на Баерн (М), Ханси Флик.