Фудбалерите на Рома денеска ќе гостуваат кај Бетис во новата рунда во Лигата на Европа. Во италијанскиот тим ќе нема неколку играчи меѓу кои влегува и првата ѕвезда, Паоло Дибала. Тренерот на „волчицата“, Жозе Мурињо, вели дека мора да се носи со проблемите.
„Научив да плачам помалку отколку порано. Може да се каже дека има премногу натпревари а богатите клубови се привилегирани“ – потенцираше Специјалниот.
„Помалку богатите играат исто толку често колку и богатите клубови но, без можности да направат промени. Тоа е ситуацијата во која се наоѓам“ – вели Португалецот.