Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го купи во јануарскиот преоден рок играчот за врска на екипата на Рома, Лоренцо Пелегрини, тврди британскиот печат.
Според последните информации Пелегрини е меѓу првите на списокот на посакувани од менаџерот на Манчестер Ј., Жозе Мурињо.
Пелегрини има 22 години и се смета за еден од најталентираните млади играчи на Апенините. Тој, исто така, има 6 натпревари за националниот тим на Италија по неговото деби во 2017 година.