Манчестер Јунајтед како приоритет ова лето ќе го има купувањето на младото крило на Ајакс, Џастин Клајверт, тврди весникот Гардијан.
Момчето е син на поранешниот холандски голгетер Патрик Клајверт и имаше извонредна сезона со Ајакс.
Жозе Мурињо е импресиониран од квалитетот на 19-годишниот фудбалер и мисли дека во иднина може да направи добра работа за него. Се очекува во рок од неколку недели од Јунајтед да стигне и првата понуда за него.