Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мурињо тврди дека Погба нема да замине од „Олд Трафорд“
    Фудбал

    Мурињо тврди дека Погба нема да замине од „Олд Трафорд“

    risteBy riste10/05/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо смета дека Пол Погба ќе остане во тимот и наредната сезона.

    Французинот, кој е најскапата инвестиција на Мурињо, е поврзуван постојано со други тимови, а вчера на Островот се појави информација дека неговиот агент Мино Раиола веќе водел разговори со четири клуба – ПСЖ, Реал Мадрид, Јувентус и Манчестер Сити. Мурињо е категоричен дека не сака да се раздели со Погба и во клубот не пристигнале никакви понуди за него.

    „Мислам дека тој ќе биде тука и следната сезона. Такво е моето чувство. Можам да гарантирам дека не сакам да си оди. Клубот исто така не сака да го продаде. Можам да ви гарантирам и дека кај нас не пристигнале никакви понуди за него од други тимови. Самиот играч и агентот исто така не ни кажале ништо такво. Според мене тој ќе остане”, изјави Мурињо.

    Погба одигра 25 натпревари во Премиерлигата оваа сезона, постигнувајќи шест гола – еден повеќе во споредба со претходната сезона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?

    04/02/2023

    Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал

    04/02/2023

    Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа

    04/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Ивановски поразен во полуфиналето во Тунис
    • „Црвените ѓаволи“ тргнуваат по Ансу Фати?
    • Кошаркарките со Митрашиновиќ за дуелите со БиХ и Белгија
    • Себаљос потпишува нов 4-годишен договор со Реал
    • Клоп во одбрана на Салах: Тој е спортист од светска класа
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.