Фудбалерите на Тотенхем доцна синоќа го претрпеа петтиот сезонски пораз во Премиер-лигата откако беа совладани на теренот на Брајтон со минимални 1:0. Нивниот тренер, Жозе Мурињо, вели дека резултатот е реален.
„Имавме две различни полувремиња. Во првото направивме две грешки а противникот еднаш ја погодија стативата а вториот пат постигна гол“ – потенцираше Португалецот.
„Во полувреме се обидувавме но, мислам дека се почувствува и заморот кај моите фудбалери“ – изјави Мурињо за „Скај Спорт“.

