Контроверзниот португалски стратег Жозе Мурињо изјави дека во иднина не би сакал да работи во клуб кој ќе игра во европските купови.
„Кога ќе заминам од Фенербахче, најдобра опција за мене е да водам клуб кој нема амбиции да игра во европските натпреварувања. Значи, ако за две години на некој аутсајдер клуб од Англија му треба тренер, тогаш јас сум подготвен.
Не сакам да кажам ништо повеќе за моето исклучување синоќа. Ако поднесам жалба, ќе добијам шест месеци дисквалификација“, изјави тренерот на Фенербахче.

