Жозе Мурињо верува дека легендата на Челзи, Франк Лампард е добар менаџер за екипата и ќе биде успешен во водењето на лондончаните.
Португалскиот тренер зборуваше зборуваше за својот поранешен играч пред дербито во Премиер лигата кое се игра денес меѓу сините и европските клупски шампиони Ливерпул. Челзи не ја започна сезоната добро, со само 8 освоени бода од 5 одиграни натпревари.
„Едно е да се биде фудбалер, друго е да се биде менаџер. Тој е еден од најважните пет играчи во клупската историја. Френк е еден од најсилните играчи под мое раководство. Тој е професионалец и еден од најискрените луѓе со кои работев во мојата кариера, неговата менаџерска кариера е нешто друго, тој се стекна со искуство од престојот во Дерби Каунти и покажа добри квалитети.Сега Челзи е во негови раце. Тој играше големи натпревари во Лигата на шампионите. Сега тој само треба да стекне уште поголемо искуство и верба – фудбалот секогаш бил негов живот”, изјави Мурињо, кој имаше два периоди на чело на Челзи. Помеѓу 2016 и 2018 година, португалскиот стручњак го водеше Манчестер Јунајтед.