Легендарниот португалски стручњак Жозе Мурињо смета дека немало основа да се досуди пенал за Англија на полуфиналниот натпревар против Данска.
Решавачкиот гол го постигна Хари Кејн во финишот на првото продолжение откако судијата Дани Макели покажа на белата точка по стартот над Рахим Стерлинг.
„Можеби нема да ви се допадне моето мислење, но јас ќе ви кажам што видов. Немаше пенал. Победи подобриот тим, Англија заслужи да помине, тие играа фантастично, но немаше пенал“, повтори Мурињо.

