Португалскиот стручњак Жозе Мурињо, кој е поранешен тренер на Интер, Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Јунајтед, може да го преземе Олимпик Лион.
Според француските медиуми, португалскиот стручњак е забележан вчера на аеродромот во Лион, каде што пристигнал да разговара со претставници на олимпик Лион. Мурињо беше отпуштен од Манчестер Јунајтед во декември 2018, откако загуби од Ливерпул (1:3) во 17-то коло во Премиер лигата. Од тогаш Португалецот работи како фудбалски аналитичар на телевизија.
Во моментов, актуелен тренер на Олимпик Лион е Бруно Женезио. Тимот се наоѓа на третото место на табелата во Лига 1 со 56 поени по 32 одиграно коло. Ова место го води во квалификациите за ЛШ наредната сезона, но се на минус 5 во однос на второпласираниот Лил.