Тенисерот, Лоренцо Мусети, го коментираше поразот од Шпанецот, Карлос Алкараз, во финалето на турнирот во Монте Карло.
„Знаев што сакам но, беше физички тешко. Дојдоа до израз моите проблеми, заморот и стресот, наталожени во последните неколку денови. Не можев да играм“ – рече Мусети.
„Карлос е легенда на нашиот спорт иако е помлад од мене. Тој руши рекорди, да бев 100% физички подготвен ќе можев да издржам подолго“ – рече Мусети.

