Тенисерот, Лоренцо Мусети, ќе игра во полуфиналето на третиот Мастерс по ред. Италијанецот во четвртфиналето на турнирот во Рим, го победи вториот светски рекет, Александар Зверев.
Мусети победи противник од првите двајца на АТП по втор пат во својата кариера. Претходно, неговата единствена победа беше во 2023 година на Мастерсот во Монте Карло, кога го победи светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ.
Вкупно, 23-годишниот Италијанец стигна до своето 20-то полуфинале во кариерата. Тој од понеделник ќе се искачи на ранг-листата за најмалку една позиција.

