18-годишниот фудбалер на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, е позитивен на корона-вирус, соопшти германскиот состав.
Според информацијата, тој се чувствува добро во изолација во неговиот дом. Во моментов, германскиот репрезентативец е единствениот заразен кај Баварците. Во последниот натпревар на Баерн – против РБ Лајпциг, Мусиала настапи како резерва.
Тимот од Минхен за точно една недела, ќе го продолжи учеството во Лигата на шампионите со гостувањето кај Ред Бул (Салцбург) во првиот меч од 1/8 финалето.