Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мусиала и Баерн ја продолжија соработката до 2030 година
    Фудбал

    Мусиала и Баерн ја продолжија соработката до 2030 година

    risteBy riste14/02/2025No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Големата ѕвезда на Баерн Минхен, Џамал ​​Мусиала потпиша нов договор. 21-годишниот фудбалер потпиша договор со Баварците до летото 2030 година.

    Раководството на германскиот гигант во последните месеци преговараше со германскиот интернационалец, при што двете страни потпишаа нов договор.

    Според „Билд“, Мусиала ќе биде меѓу најплатените во тимот добивајќи 25 мил. евра по сезона. Во неговиот договор има и откупна клаузула вредна 175 мил. евра.

    „Навистина сум среќен. Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Овде ги направив моите први чекори во професионалниот фудбал и цврсто верувам дека можеме да постигнеме нешто големо со овој клуб во наредните години. Се чувствувам како дома и во Минхен и во клубот со нашите одлични навивачи. Имаме многу работи што сакаме да ги постигнеме“, изјави Мусиала за официјалниот сајт на Баварците.

    Џамал ​​Мусиала е дел од Баерн од 2019 година. За првиот тим на Баварците има 193 настапи во кои има постигнато 58 гола.

    Баварците од почетокот на годината ги обновија договорите и со Мануел Нојер и Алфонсо Дејвис.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.