Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»Мусиала ќе ги пропушти натпреварите до крајот на оваа календарска година
    Фудбал

    Мусиала ќе ги пропушти натпреварите до крајот на оваа календарска година

    risteBy riste13/12/2021No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Младиот талент на Баерн (Минхен) Џамал ​​Мусиала има фрактура на коска на раката и најверојатно ќе ги пропушти последните два натпревари на Баварците пред зимската пауза во Бундеслигата, објави германскиот шампион.

    Баерн до крајот на календарската година ќе се соочи со Штутгарт и Волфсбург. Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман, објасни дека учеството на Мусиала на двата меча ќе зависи пред се од тоа колку болка чувствува 18-годишниот офанзивен играч за врска и дали операцијата или третманот ќе бидат поконзервативни.

    Против Штутгарт, Баерн може да остане без уште двајца играчи од средниот ред – Леон Горецка и Корентин Толисо, кои исто така се опоравуваат од повредите. Воедно, австрискиот играч за врска Марсел Забицер денеска продолжи со тренинзите и наскоро повторно ќе му биде на располагање на Нагелсман. Во следниот натпревар Баерн сигурно ќе биде без Џошуа Кимих и Ерик Максим Чупо-Мотинг кои се заразените со коронавирус, како и без Јосип Станишиќ, кој има скинат мускул на левиот бут.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.