Фудбалерот на Баерн Минхен, Џамал Мусиала, го издвои Лионел Меси за најголем во историјата.
Тој на прашањето кој е подобар, Аргентинецот или Кристијано Роналдо се определи за Меси. Мусиала во интервјуто за ТВ каналот на Баварците, ги потенцираше според него најдобрите во историјата на фудбалот. „
Тешко ми е да зборувам за играчи што не сум ги гледал. Тука се Пеле, можете да го ставите Марадона, можеби и Герд Милер од Баерн“ – рече играчот од средниот ред на клубот од Минхен.

