Селекторот на нашите најдобри фудбалери, Благоја Милевски, на тест дуелот против Фарските острови в понеделник на Арената во Скопје ќе биде и без Висар Муслиу.
Тој е ослободен од обврските на барање на неговиот клуб од Германија – Инглштад. На мечот со Фарски Острови нема да настапат повреди: Аријан Адеми, Доријан Бабунски како и Ѓоко Зајков. Во записникот ќе го нема и голманот, Столе Димитриевски.
Милевски соочен со кадровски проблеми, денеска го повика Јован Манев кој игра за Адана во Турција.