Нашиот фудбалски шампион Шкендија потврди дека репрезентативецот, Висар Муслиу, ќе замине во редовите на унгарскиот МОЛ Фехервар за кој настапува и Бобан Николов.
Тетовци денеска потврдија дека преговорите се успешно финализирани, но, не излегоа со детали околу трансферот.
Муслиу кој во минатото го носеше и дресот на Вардар, во екипата на Шкендија помина само година и половина и за тој краток период успеа да се израдува на три трофеји.

