Нашиот репрезентативен стопер, Висар Муслиу, од наредната сезона ќе настапува во екипата на Падерборн.
Тој откако го напушти нисколигашот Инглштад, сега ќе има можност да се докажува во второлигашката фудбалска конкуренција на Германија. Муслиу потпиша соработка за две сезони но, ќе може да остане и уште една дополнително доколку ја оправда довербата на раководството.
28-годишниот играч претходно беше од екипите на МОЛ Фехервар, Шкендија, Приштина, Вардар и Ренова.