Поранешниот член на Арсенал, Шкодран Мустафи, кариерата ќе ја продолжи во редовите на Леванте. Дефанзивецот кој на времето играше за Валенсија сега се враќа во шпанскиот фудбал.
Поранешниот репрезентативец на Германија во 2016 година ја напушти „Месталја“ и замина во редовите на „топчиите“. Таму остана цели пет години.
Мустафи во претходната полу-сезона му беше позајмен на германскиот состав Шалке.