Милан подготвува сериозни промени во текот на летото. Се очекува клубот да се раздели со доста играчи, а во исто време на нивно место ќе бидат привлечени нови засилувања.
Еден од зацртаните цели на „росонерите” е дефанзивецот на Арсенал Шкодран Мустафи. Германецот се очекува да биде привлечен како замена на Кристијан Запата. Договорот на Колумбиецот истекува и нема да биде обновен, па тој ќе си замине како слободен агент.
Во исто време и иднината на Мустафи на „Емирати” е под знак прашање. Постојано се зборува дека клубот му бара купувач и Милан ќе се обиде да ја искористи ситуацијата и да го земе за не многу голема сума.

