Фудбалерот на Шалке, Шкодран Мустафи, верува дека екипата од Гелзенкирхен нема да испадне во Втората Бундес лига иако е на дното на табелата со само 9 бодови.
„Мислам дека клубот има доволно потенцијал да ја поправи ситуацијата, секако, очајно ни требаат бодови. Се надевам дека ќе останеме во Бундес-лигата” – изјави Мустафи за веб-страницата на клубот.
28-годишниот играч пристигна во Шалке во јануари како позајмен од англискиот Арсенал. Неговиот нов состав од почетокот на сезоната има само една победа и вкупно 9 бодови на 22 меча.