МВР информира дека по преземените мерки и активности утврден е идентитетот на поголемиот дел од напаѓачите на бугарските државјани во Чаир.
Оттаму посочуваат дека се работи на расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.Претходно било пријавено дека во 18.38 часот се случил на ул.„Цветан Димов“, при што бил употребен и остар предмет од кој бугарскиот државјанин Д.А. се здобил со тешки телесни повреди.
Повредениот бил пренесен во ГОБ „Св.Наум Охридски“ и е во стабилна состојба, посочуваат од МВР.