Koшаркарите на МЗТ Скопје ја одбранија титулата во домашното првенство откако денеска го совладаа Пелистер во Битола со 78:67.
Гостите беа подобар противник и сосема очекувано ја обезбедија 11-та титула. Таа доаѓа со убедливи 3-0 во финалната серија.
Во редовите на скопскиот тим Баковиќ и Гилон застанаа на 15 кошеви додека кај битолчани се издвоија Мијовиќ и Костоски кои постигнаа по 19 поени.

