МЗТ Скопје ја одбрани шампионската титула во домашниот шампионат откако во финалето на плеј-фот со 3:1 беше подобар од Пелистер.
„Штрковите“ победија денска во Битола со 102:93 и се израдуваа на деветтата шампионска титула во последните десет сезони.
Милошевиќ со 31 поен, беше најдобар во редовите на МЗТ Скопје и на крајот беше прогласен за МВП на финалето. Војдан Стојановски и Рикиќ кои дадоа по 17 поени. Кај Пелистер, Малешевиќ 21 и Кесар 19 поени.