Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром загубија со 101:97 на гостувањето кај ФМП во 7 коло во регионалната АБА-лига. Нашиот тим иако имаше голема негатива успеа да се врати во игра за победа, но, немаше среќа во завршницата.
На крајот кај домаќинот Паулиус Валинскас имаше 19 поени додека кај „штрковите“ се издвоија Мајкл Кефи и Страхиња Мичовиќ со по 18 кошеви. Тренерот на МЗТ Скопје, Александар Петровиќ, вели дека клучна причина за поразот бил слабиот скок.
„Во третата четвртина се вративме од 15 поени негатива, дојдовме на еден кош до победа, немавме среќа во финишот. Причината за поразот ја гледам во скокот, имавме 12 скока помалку од ФМП. Мора да поработиме на тој сегмент од играта“ – рече Петровиќ.