Нашата најдобра фудбалска репрезентација која во премиерната сезона на Лигата на нации го освои првото место во групата „Д“, во наредната ќе игра во погорен ранг или во групата – „Ц“.
Европската фудбалска федерација (УЕФА) денеска ги објави шеширите пред ждрепката на 3. март 2020 година во Амстердам (Холандија). Сигурно е дека нема да играме против Косово (наш противник во претстојното полу-финале) како и против Белорусија и Кипар кои се заедно со нас во вториот шешир.
Лига на нации (сезона 2020/21) – „Ц“ лига
Прв шешир: Грција, Албанија, Црна Гора, Грузија
Втор шешир: Македонија, Косово, Белорусија, Кипар
Трет шешир: Естонија, Словенија, Литванија, Луксембург
Четврти шешир: Ерменија, Азербејџан, Казахстан, Молдавија

