Италијанецот, Матео Беретини, кој фигурира на осмото место на АТП листата не го поддржува предлогот водечките играчи да ги финансираат колегите од понизок ранг.
„Имав време да размислувам за моите приоритети во последните недели. Проблемот не е во тоа што не ги почитувам другите играчи. Проблемот е што верувам дека ниту еден спортист во кој било спорт не треба да се потпира на финансиска поддршка од конкурентите“ – изјави Беретини.
„Мислам дека одговорноста за таква помош е на федерациите – Меѓународната тениска федерација (ИТФ), Здружението на професионални тенисери (АТП) и тие што ги организираат турнирите“ – додаде Беретини.