Фудбалерот, Мауро Икарди, ќе остане во редовите на ПСЖ откако францускиот тим му ги откупи правата од екипата на Интер.
Според последните објави преселбата на Аргентинецот во Париз ќе го чини францускиот гигант 50 милиони, плус седум милион како дополнителни бонуси. Откупната клаузула на Икарди изнесуваше 70 милиони, но, пандемијата со корона-вирусот значително ја намали неговата цена.
„Нероаѕурите“ ќе си обезбедат дополнителни 15 милиони евра доколку ПСЖ одлучи во наредните години да го продаде Икарди на некој италијански клуб.