На Барселона и требаат само уште два бода за да ја освои шпанската Ла Лига. По синоќешниот пораз на Реал и победат ана каталонците претходно на мечот со Осасуна, Барселона е на врвот на табелата со 82 бода, додека „кралскиот клуб“ има 68 бода.
До крајот на сезоната има уште 5 кола, а 83 е максималниот број на бодови што Реал Мадрид ќе може да ги освои во случај на пет победи на следните натпревари.
Така избраниците на тренерот Чави треба да освојат само уште два бода за и математички да ја освојат шампионската титула.