Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»На дневен ред во Ливерпул ќе биде нов договор за Салах
    Фудбал

    На дневен ред во Ливерпул ќе биде нов договор за Салах

    risteBy riste29/04/2018No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Раководството на Ливерпул ќе му понуди нов договор на првата ѕвезда во тимот Мохамед Салах по сензационалното претставување во неговата прва сезона на „Енфилд”, пишува весникот „Сан”. Постоечкиот договор му е до 2022 година.

    Интернационалецот од Египет кој беше привлечен за сума од 34 милиони фунти од составот на Рома во летото минатата година, добива по 90 000 фунти неделно, што не го прави дури најдобро платен играч во клубот.

    Раководството на „црвените”, сепак сакаат да избегнат ситуација како што имаа со Филипе Кутињо кој во јануари беше продаден на Барселона.

    Според медиумите во Англија Ливерпул може да му даде на Салах повеќе од четири пати повеќе од она што го плати на Рома, но челниците на Ливерпул ќе се обидат да ги завршат преговорите уште пред почетокот на Светското првенство, бидејќи веруваат дека цената на 25-годишниот Салах ќе се зголеми дури и по првенството во Русија каде ќе настапи за селекцијата на Египет.

    Во оваа сезона Салах има постигнато 43 гола за Ливерпул во сите натпреварувања.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд

    08/02/2023

    Обамејанг размислува дали да направи трансфер во САД

    08/02/2023

    Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !

    08/02/2023

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Челзи ќе најде замена за Обамејанг, тоа е Иван Тони од Брентфорд
    • Обамејанг размислува дали да направи трансфер во САД
    • Почина Мирослав Чиро Блажевиќ !
    • Арсенал ги зголемува цените на сезонските билети за следната сезона
    • Кралот го направи тоа ! Го сруши 34-годишниот рекорд на Карим Абдул Џабар
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2023 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.